На 16 мај во „ТУИ Арена“ во Хановер, ќе се одигра натпреварот меѓу селекцијата на германските ракометари од и Ол Стар тимот, составен од ракометари што играат во елитното натпреварување во Германија.
На сите позиции се номинирани по шест ракометари кои се одбрани со интерно гласање на капитените и тренерите на сите тимови, додека исклучок е само десната бековска позиција, каде што има седум играчи.
Токму седмиот номиниран е Даинис Кристопанс, поранешниот вардарец, кој и покрај тоа што е само две седмици во Фуксе Берлин, веќе ги освои симпатиите на јавноста, соиграчите и ривалите.
Меѓу номинираните за настап во Ол Стар тимот е уште еден поранешен член на Вардар, голманот Дејан Милосављев. Доколку сакате да гласате за Милосављев и Кристопанс да играат на овој натпревар, тоа може да го сторите ТУКА.