Иако се уште не се одиграни четвртфиналните двобои по кои ќе бидат познати патниците на завршниот турнир, раководството на регионалната СЕХА лига го откри домаќинот.
По Вараждин и Загреб, Задар и салата „Крешимир Ќосиќ“ ќе бидат домаќини на најдобрите четири екипи во регионот.
За да ја добие шансата да ја брани титулата, тимот на Вардар ќе мора да го елиминира хрватскиот вицепрвак Нексе Нашице.
Фаворити за место на завршниот турнир покрај Вардар и Веспрем, се Загреб и Мешков Брест, кој пак се уште не ги одиграл осминафиналните двобои со Пекинг, а потоа му следи двомеч и со Мотор Запорожје.
Терминот за завршниот турнир ќе биде од 3 до 5 април.