Откако тимовите кои играа во Групите А и Б одиграа веќе две кола денеска на терен ќе се вратат и екипите кои настапуваат во Групите Ц и Д.
Денеска стартува шансата за четирите екипи за пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите, а првите пресметки се на теренот на Спортинг Лисабон и Висла Плоцк. Тие ќе имаат шанса денеска да се изборат за добар резултат и да направат сè што е во нивна моќ за на реваншот да биде полесно.
Според она што го имаа прикажано во групната фаза Бидасоа Ирун и Динамо Букурешт беа најдобрите, но прашање е дали ќе успеат истото да го повторат и сега после повеќе од два месеци пауза.
БАРАЖ ОД ГРУПИТЕ Ц И Д
САБОТА, 22 ФЕВРУАРИ
15:00ч
ВИСЛА ПЛОЦК – БИДАСОА ИРУН
19:30ч
СПОРТИНГ – ДИНАМО БУКУРЕШТ