Европската ракометна федерација ги објави делегирањата за натпреварите од последното коло од групната фаза на Лигата на шампионите.
Најдобрите македонски арбитри, кои го судеа финалето на Европското првенство во Шведска, добија нова задача од ЕХФ.
Тие ќе ја делат правдата на дербито од последното 14.коло во групата Б меѓу полскиот Келце и бундеслигашот Кил.
Овој натпревар е закажан на 29 февруари во салата „Легионово“ со почеток во 18:00 часот.