Вардар славеше над Мотор Запорожје со 38-28 во натпреварот од 12. коло од Лигата на шампионите, а оваа победа ги врати насмевките на лицата кај вардарци.
Сташ Скубе по фантастичната партија со осум голови беше избран во идеалниот тим на колото, додека најубавиот гол е дело на Тимур Дибиров.
Атрактивниот погодок го реализираше рускиот интернационалец, откако Скубе му додаде од зад грб.
Покрај Дибиров, во ТОП 5 голови се најдоа и погодоците на Ареиа од Порто, Макуц од Целје, како и двата на Микел Хансен и Сандер Сагосен од ПСЖ.
Погледнете ги најдобрите пет голови во 12 коло од Лигата на шампионите.