Ракометарите на Вардар славеа над Мотор Запорожје со 38-28 и го потврдија пласманот во осминафиналето.
Некогашниот вардарец Стеван Вујовиќ, кој сега ги брани боите на украинскиот шампион вели дека научил добра лекција.
„Вардар им докажа на сите како се бори кога е тешко. Ова е голема лекција за нас. Сите играчи на Вардар беа силно мотивирани и ние не можевме да се спротиставиме. Тоа е реалната разлика во моментов и му поксаувам среќа на Вардар. Вардар има уште да игра и може да стигне до финале. За нас остануваат уште самодве средби. Навивачите им дадоа феноменална подршка на играчите”, вели Вујовиќ.
Следен предизвик за европскиот првак ќе биде гостувањето во Португалија, кај шампионот Порто.