Екипата на Келце го совлада Порто со 30:25 во 12. коло од Лигата на шампионите пред своите гледачи со што барем до натпреварот на Монпелје се искачи на третата позиција.
Шампионот на Полска долго се мачеше со Порто, гостите имаа добар почеток и водството од 4:1 и 5:2. Сепак, во 15. минута Келце израмни и до крајот на првиот дел се играше потполно израмнето. По 30 минути игра беше 12:12.
Фаворитот на натпреварот имаше подобро отвoрање на второто полувреме, многу брзо стигна до предност од три гола. Отпорот на Порто беше скршен на средината на вториот дел, веќе во 43. минута Каралек со два последователни гола донесе највисока предност за својот тим од 21:15.
Ова предност се покажа доволна за Келце до крајот на мечот рутински да одигра и да стигне до нови бодови со кои се проби до 3. позиција и останува во игра групната фаза да ја завврши и на второто место.
Алекс Душебаев беше најефикасен во победничката екипа со седум гола, а Морито постигна шест. Андреас Вулф на голот одигра важна улога во победата на Келце со 16 интервенции. Во екипата на Порто, Мартинс и Магаљаеш беа најефикасни со по пет погодоци, Бранкињо и Гомес погодија по четирипати.