Играчот кој во паузата од сезоната се врати во Нексе после настапите во Романија, Јанко Кевиќ е подготвен за утрешната пресметка против Еурофарм Пелистер.
Најавува битка од прва до последна минута и добар резултат, а тоа е најава и за добар ракомет во Нашице.
„Одработивме неколку подготвителни натпревари на кои растевме од двобој во двобој и изгледавме сè подобро на тереноте. Добро се подготвивме и во кондицискиот дел со помошните тренери, а тоа ќе се види и утре против Еурофарм Пелистер на натпреварот на кој ќе одиграме борбено и со срце“, изјави повратникот во редовите на Нексе, Јанко Кевиќ.
Средбата почнува во 15 часот, а на Еурофарм Пелистер е да покаже дека може да се надигрува со тимот од Хрватска, па дури и да дојде денеска и до победа.