Репрезентацијата на актуелниот светски првак во женска конкуренција, Франија ќе биде ослабена на Олимписките игри во Токио ова лето. Најновите вести се дека левото крило на Мец, Манон Ует мораше на операција на лигаментите на десното колено и ќе и следи долга пауза.
Таа напиша коментар на својот профил на Инстаграм и објави дека нема да биде подготвена за да помогне на Олимписките игри.
„Времето е премногу кратко за да можам да се вратам на терените пред игрите. Сакам да се вратам многу посилна, но за да се случи тоа ќе ми треба време“, напиша Хојет.
Левото крило на Мец се очекува да се врати на терените на почетокот на следната сезона 2020/2021.
Сепак, за репрезентацијата на Франција има и добри вести. Наскоро на терените се очекува враќањето на поранешната ракометарка на Вардар, Сираба Дембеле-Павловиќ. Таа би требало да ја покрие позицијата лево крило и да биде добра замена за Ует.