Репрезентациите кои добија шанса за да играат во квалификациите за Олимписките игри во Токио за женскиот дел од турниротќе имаат напорни три дена од 20 до 22 март.
Останаа слободни уште шест места кои ќе бидат пополнети од квалификациите. Јасно е дека тие ќе донесат интересни резултати и дека во март ќе биде доста интересно.
Домаќини се Шпанија, Унгарија и Црна Гора, па тоа може да биде шанса за секоја од нив за пласман на игрите во Токио.
Во првата група Шпанија и Шведска имаат полесна задача бидејќи таа е групата со две репрезентации од Европа. Во другите две групи има по три европски репрезентации и тука ќе биде навистина тешко да се дојде до место на Олимпијадата. Сепак, Русија и Унгарија добиваат мала предност пред Србија, а Норвешка и Црна Гора во однос на Романија.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ОИ 2020 (ЖЕНИ)
ГРУПА 1 (ШПАНИЈА, ЛЕИРИЈА)
1.КОЛО (ПЕТОК, 20 МАРТ)
СЕНЕГАЛ – АРГЕНТИНА
ШПАНИЈА – ШВЕДСКА
2.КОЛО (САБОТА, 21 МАРТ)
ШПАНИЈА – СЕНЕГАЛ
ШВЕДСКА – АРГЕНТИНА
3.КОЛО (НЕДЕЛА, 22 МАРТ)
АРГЕНТИНА – ШПАНИЈА
ШВЕДСКА – СЕНЕГАЛ
ГРУПА 2 (УНГАРИЈА, ЃЕР)
1.КОЛО (ПЕТОК, 20 МАРТ)
КИНА – УНГАРИЈА
РУСИЈА – СРБИЈА
2.КОЛО (САБОТА, 21 МАРТ)
РУСИЈА – КИНА
СРБИЈА – УНГАРИЈА
3.КОЛО (НЕДЕЛА, 22 МАРТ)
УНГАРИЈА – РУСИЈА
СРБИЈА – КИНА
ГРУПА 3 (ЦРНА ГОРА, ПОДГОРИЦА)
1.КОЛО (ПЕТОК, 20 МАРТ)
РОМАНИЈА – КАЗАХСТАН
НОРВЕШКА – ЦРНА ГОРА
2.КОЛО (САБОТА, 21 МАРТ)
НОРВЕШКА – РОМАНИЈА
ЦРНА ГОРА – КАЗАХСТАН
3.КОЛО (НЕДЕЛА, 22 МАРТ)
КАЗАХСТАН – НОРВЕШКА
ЦРНА ГОРА – РОМАНИЈА.