После неверојатно возбудливо полуфинале Хрватска ја совлада Норвешка по 80 минути игра со 29:28. Во последните моменти од мечот Жељко Муса погоди за огромна победа.
Веднаш по звукот на сирената почна прославата на теренот и на трибините, а никој не можеше да ги скрие емоциите. Селекторот Лино Червар ги сподели впечатоците од натпреварот.
„Десет години не сме биле во финале, уште од 2010. кога јас бев селектор и сега повторно ми припадна таа чест. Ракометот не умре, тука е. Немам што многу да кажам сега сум под емоции. Дајте им на играчите да зборуваат, јас сум многу среќен. Момците покажаа дека се исплати да се борите, нема пораз додека не заврши натпреварот. Пораката е страшна, момците се херои. Мислев дека ќе си заминам без десетиот медал, но играчите рекоа: Еве, ова ти го посветуваме на тебе“, изјави Лино Червар за РТЛ.
Хрватска во финалето ќе го очекува подобриот од второто полуфинале помеѓу Шпанија и Словенија. Финалето се игра во недела од 16:30 часот.