Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер славеше и на вториот пријателски натпревар против прволигашот КЛ7 со 38-12, но го загуби левото крило Гоце Ојлески на неколку седмици.
Стружанецот заработи повреда на прстот на десната шутерска рака и се очекува да паузира неколку седмици.
Тоа значи дека тој сигурно ќе го пропушти првиот дуел од осминафиналето против хрватскиот Нексе.
Првата средба од СЕХА лигата се игра на 1 или 2 февруари, додека реваншот ќе биде на 13 февруари во Битола.
Втора опција за тренерот Жељко Бабиќ е Бојан Маџовски, кој на тренинзите би требало да се приклучи на 21 јануари.