Голманот Никола Митревски имаше одлично отворање на првенството и против Украина забележа 15 интервенции. Неговата игра на тој дуел помогна за да се дојде до одличен резултат.
Денеска може да се очекува одново да се најде на голот и да добие шанса за да се покаже во добро издание, но без разлика дали ќе брани тој или Ристовски јасно е дека на денешната средба се потребни двоцифрен број на одбрани против Австријците кои се меѓу поефикасните на првенството и затоа секоја одбрана е максимално важна.
Пред клучната средба вели дека знае како навивачите ги сфаќаат овие натпревари.
„Кај нас во спортот е секогаш така. Со една победа си светски првак, со еден пораз си последен во светот. Ќе почекам да заврши натпреварот и не сакам да размислувам негативно. Сите се подготвуваме само за победа и за друго не ни размислуваме ниту разговараме“, коментираше Митревски за 24Ракомет ТВ.
Комплетната изјава можете да ја погледнете во видеото во продолжение.