Селекторот на Македонија, Данило Брестовац имаше подолго излагање пред камерата на 24Ракомет ТВ. Тој зборуваше за денешната средба против Австрија и за она што значи овој натпревар за нас.
Покрај тоа коментираше и за настапот против селекцијата на Чешка, како и за комплетниот негов ангажман, критиките кои ги има особено од фановите…
Сепак, во моментов најважно е она што денеска ќе се случува во Штадхале во Виена каде што се очекува да биде видена одлична средба и да биде забележана победа која ќе ја однесе Македонија во вториот круг.
„Би биле среќни ако го добиеме овој натпреар и ако добиеме уште четири натпревари за да се продолжи овој сон на Европското првенство и да се оствари добар пласман“, коментираше Брестовац.
Комплетната изјава можете да ја погледнете во видеото во продолжение.