Капитенот на репрезентацијата на Македонија, Кирил Лазаров стигна до бројката од 19 погодоци на првите две средби и со нив е во топ 3 стрелци на овој шампионат.
Со оглед на малата разлика останува во трка за првото место, но сè ќе зависи и од тоа дали Македонија ќе успее да се пласира во следната фаза од натпреварувањето.
Во најдобрите 20 стрелци е и Дејан Манасков. Тој има десет погодоци на двете средби, а и на двата натпревари погодуваше по петпати. Инаку, се наоѓа на делба на 16 место со Доленец, Душебаев, Каспарек и Палмарсон.
ЛИСТА НАС ТРЕЛЦИ
22 – Сандер Сагосен (Норвешка)
21 – Никола Билик (Австрија)
19 – Кирил Лазаров (Македонија)
19 – Енди Шмид (Швајцарија)
14 – Јанко Божовиќ (Австрија)
14 – Арцем Каралек (Белорусија)
14 – Даини Кристопанс (Летонија)
14 – Кај Смит (Холандија)
13 – Педро Портела (Португалија)
12 – Лудовик Фабрегас (Франција)
12 – Никола Прце (БиХ)