Македонија одигра два меча на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска, а има делумен ефект.
Левиот бек Филип Талески успеа да погоди шест пати од 15 упатени удари. Тој не е меѓу најефективните играчи, но сепак има една статистичка категорија во која е најдобар не само во македонскиот состав, туку на целото ЕП.
Талески успеа да постигне гол по шут на кој топката во мрежата влезе со брзина од 141 километар на час. Зад него е Станислав Кашпарек од Чешка со шут од 140 километри на час, погодок постигнат токму против Македонија.