Селекторот на Австрија, Алеш Пајовиќ после средбата против Украина има причина за да биде задоволен бидејќи неговите момци успеаја да дојдат до победа.
Сепак, и овој триумф против Украина не ја однесе Австрија во втората рунда, па исто како и Македонија пласманот ќе види со одигрувањето на натпреварот кој е на програмата во вторник од 18:15 часот.
„Доколку Македонија победеше против Чешка ќе беше полесно, но вака уште не сме во втората фаза. Реков дека оваа група е интеренс и ќе биде напнато до крај. Морам да им честитам на моите момци за играта. Се бореа во текот на сите 60 минути. Не е лесно да се игра против седум ракометари кои напаѓаат, но се боревме. Чекавме 2-3 од голманите за да поведеме со 2-3 гола разлика и тоа се случи на крајот. Секако кога имаш вака полна сала те носи на крајот, па на крајот ова беше добро за нас“, изјави Пајович за 24Ракомет.
Тој смета дека и Чешка и Украина исто како Македонија и Австрија покажале добра игра на девете средби и дека нема аутсајдер во групата Б.
„Морам да кажам дека и Чешка и Украина покажаа добра игра. Во оваа група никој не е аутсајдер. Чесите се имаа добро подготвено за Лазаров и играчот којшто го чуваше постојано играше агресивно на него. Тоа е натпревар. И кај нас завчера и денеска, па може да се случи да се отиде во правец кој не се очекува и затоа ракометот е така интересен“.
За утрешната пресметка рече дека ќе одат на сè или ништо.
„Ние одиме чекор по чекор и се концентрираме на Македонија. Одиме на глава и ако се игра вака тогаш сè е можно“, изјави Пајович за 24Ракомет.
Средбата утре се игра од 18:15 часот, а постојат комбинации во кои Македонија би победила, а двете селекции би се пласирале во следниот круг.