Македонија покрај националниот тим, на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска, имаа свои претставници и меѓу официјалните лица во судиите Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, како и делегатот Драган Начевски.
Арбитрите денеска ќе го имаат првиот предизвик на континентален собир во групата Е што се игра во шведскиот Малме.
Начевски и Николов се делегирани од страна на ЕХФ да ја делат правдата на натпреварот меѓу Исланд и Русија, што се игра со почеток во 18:15 часот во „Малме Арена“.