Чешка доживеа пораз во првиот меч на Европското првенство од Австрија со 25:28, а после мечот нивните ракометари не беа потполно задоволни од своето издание.
Степан Земан постигна два гола на првиот меч, но истакна дека мора да бидат многу подобри во наредните дуели ако сакаат да стигна до победа.
„Направивме многу грешки, мораме да поправиме некои детали во играта за да се надеваме на победа на следниот меч. Мислам дека Австрија беше многу добра, имаа повеќе среќа во некои моменти. Мораме да ја подобриме играта, со ваква игра ќе биде многу тешко за нас. Атмосферата беше многу добра, сакам големи арени, многу навивачи, тоа не беше проблемот, проблемот е во нас“, коментираше пикерот на Чешка.
Земан се надева на успех и победа против Македонија, но само доколку на теренот го покажат она што го знаат.
„Моарме да се подготвиме добро за дуелот со Македонија, треба да ја играме нашата игра. Тие се познат тим за нас и ние кога би го одиграле она што го знаеме и можеме, сигурно би имале успех на тој меч“, заврши Земан.
Натпреварот против Македонија, Чешка го игра во недела од 16:00 часот.