Натпреварот меѓу Македонија и Украина донесе многу реакции, а најновите пристигаат од обложувачите, кои на овој натпревар се обложиле дека Филип Талески на крајот од натпреварот ќе има најмалку 4 постигнати голови.
Според официјалната статистика тој има постигнато три гола, но како што ќе може да се види и подолу од видео исечоците тој има четири гола.
Во официјалната статистика според која се водат обложувачниците вториот гол на Талески постигнат за 12:9 во 26 минута и 7 секунди од средбата беше запишан кај Манасков.
ПРВ ГОЛ НА ТАЛЕСКИ (21:36, 10-6)
ВТОР ГОЛ НА ТАЛЕСКИ (26:07, 12-9)
ТРЕТ ГОЛ НА ТАЛЕСКИ (41:10, 20-16)
ЧЕТВРТИ ГОЛ НА ТАЛЕСКИ (43:05, 21-17)
Сепак, после многу реакции oд страна на обложувачите дојде до поправање на грешката, па зад името на Талески сега е впишан точниот број на голови. Според тоа тој има четири гола, додека Манасков останува на пет гола од првата средба против Украина.