Фановите раштркани низ Виена: „Македонската фаланга“ поделена во две фан зони

Навивачите кои од денеска претстојуваат во Виена на Европското првенство место едно ќе имаат две места каде што ќе можат да се подготвуваат за натпреварите, но и потоа да прославуваат за добрите резултати.

Место вообичаеното едно место за собир како што досега беше ситуација во Виена ќе има две места. Првото е „Pasta Lounge“ ресторанот со локација на адреса Lerchenfelder Gurtel 15, додека втората е „Cafe Killis“, на адреса Herbststrasse 40.

Според она што можеше да се забележи, првото место ќе биде за собирање на фановите кои во Виена доаѓаат од Македонија додека второто е за „Македонска фаланга – Виена“, клуб на македонските фановиод главниот град на Австрија.

Веќе објавија и на својата Фејсбук страница повик до навивачите да дојдат на тоа место за да ги бодрат ракометарите.

Сепак, иако се раздвоени низ градот во „Штадхале“ сите ќе бидат заедно и ќе можат да им ја дадат потребната поддршка на ракометарите за да се дојде до посакуваниот резултат вечерва.

Публикувахте от Makedonska Falanga – Wien в Четвъртък, 9 януари 2020 г.