Словенечката ракометна федерација пред три дена одлучи дека дошло времето да биде прекината соработката со селекторот Веселин Вујовиќ, иако смената доаѓа само на четириесетина дена до стартот на Европското првенство.
Тие образложија дека заситувањето меѓу Вујовиќ и ракометарите е главната причина, но јасно дека е дека тајм-аутот на дуелот меѓу Мешков и Загреб, кога на младиот словенечки ракометар Алекс Влах, Вујо му се обрати со зборовите – Умри бре…умри, повеќе да не те гледам, беше причината за отказ.
Во меѓувреме словенечките медиуми го вадат „нечистиот веш“ и пишуват за тешки обвинувања кон стратегот.
„Вујовиќ уживаше во играње покер, иако го играше само за забава и опуштање. Секој што сакаше да игра со него мораше да плати 300 евра. Тоа важеше и за самите ракометари, па оние што учествуваа во игрите покер со него, му беа омилени. Тие што не сакаа да играат, ги решаваше со контроверзни „тренерски техники“ на тренинзите и на натпреварите, како што беше неодамна случајот со Алекс Влах. Играњето уценувачки покер често се случуваше и на подготовките на репрезентацијата, па дури и на самите првенства“, пишува словенечка Екипа24.
Како негови наследници се споменуваат имињата на Хуан Пастор, Талант Душебаев, Алфред Гисласон, а можно е шанса да добие и помошникот Урош Зорман.