Тимот на Металург го очекува првиот натпревар од двобојот со словенечкиот состав Горење Велење во рамките на третото квалификациско коло од Купот на ЕХФ.
Покрај засилувањето во играчкиот кадар Велко Маркоски, тимот од Автокоманда се засили и во стручниот штаб, односно на клупата.
Виктор Стојанов, досегашниот физиотерапевт на Вардар Јуниор, а претходно и на шампионската генерација на Вардар од 2017 година, стана дел од Металург и тој ќе се грижи во иднина за здравјето на металурзи.
Неговиот татко, Коце Стојанов, е дел од Металург 2.