Тимот на Металург го очекува двобојот со словенечкиот Горење Велење во рамките на третото квалификациско коло од Купот на ЕХФ.
Првиот натпревар ќе се игра во „Рдеча дворана“ во Велење, в сабота на 16 ноември од 20:00 часот, а ЕХФ ги одреди унгарските арбитри Петер Хорват и Балаж Мартон да делат правда на овој меч. Делегат е Србинот Борис Вукашиновиќ.
Реваншот меѓу Металург и Горење ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:00 часот. На овој натпревар ќе судат Словаците Борис Мандак и Марио Рудински, а делегат е Емир Бешлија од Црна Гора.