Откако остана без селектор репрезентациајта на Словенија, најчесто спомнувано име е помошникот на Талант Душебаев во Келце, Словенецот Урош Зорман. Дали ќе седне на селекторското место останува да видиме до средината на декември кога е најавено дека ќе биде соопштено името на новиот селектор.
Полските медиуми после поврзувањето на Зорман со репрезентациајта на Словенија го прашале дали навистина ќе стане селектор.
„Ќе стане ли Зорман селектор на Словенија? Ова не е прашање за мене туку за федерацијата“, одговорил Зорман.
Претходно тој изјави дека сон на секој тренер е да води репрезентација како Словенија и потврди дека разговарал со луѓето од федерациајта, но дека нема уште ништо конкретно. Тој беше во таборот на Веселин Вујовиќ, а претседателот на Келце Бертус Сервас му даде поддршка на Словенецот.
„Урош ми е како син и доколку дојде и ми рече дека ќе биде прв тренер во Словенија наместо втор во Келце јас ќе го разберам. Но исто така е можно и таму да е прв тренер, а да остане помошник во Келце, тука не гледам проблем“, изјави Бертус Сервас.
Според последните пишувања на полските и словенските медиуми Урош Зорман е најблиску да го замени Вујовиќ на селекторското место во репрезентациајта на Словенија.