Норвешкиот репрезентативец Кент Робин Тонесен нема по убаво да го памети натпреварот против Вардар во Скопје, иако неговиот Веспрем славеше убедливо против европскиот првак.
Десниот бек се повреди во второто полувреме во еден напад на Веспрем, иако немаше некој остар старт од вардарци над него.
Норвежанот ја повреди Ахиловата тетива, ќе мора на операција, а тоа значи дека нема да види ракометен терен до крајот на сезоната.
Нема да игра ниту на домашното Европско првенство, но Норвешка ги има Магнус Род и Харалд Рајнкинд, па нема да имаат голем проблем.
Во Веспрем, на десната бековска позиција покрај Омар Јахија, на теренот се враќа и полскиот репрезентативец Павел Пачковски, па и тука тимот е покриен добро.