Хрватскиот репрезентативец Игор Карачиќ одигра одлично во првото полувреме на дуелот меѓу Келце и Мешков Брест.
Но на стартот на вториот дел некогашниот вардарец доби силен удар во ребрата, со помош на докторите го напушти теренот и не се врати повеќе во игра.
Карачиќ имаше иста повреда и во октомври, па мораше да биде надвор од терените скоро еден месец.
По мечот тренерот Талант Душебаев најави дека се работи за истата повреда, па сега и хрватскиот селектор Лино Червар треба да се плаши дали ќе може да го има Карачиќ на подготовките пред стартот на Европското првенство.