Саздовска и Ѓорѓиевска победнички ја стартуваа 2020 година

Први на клупската сцена во новата година се појавија дамите во ЕХФ Купот. Македонија нема претставник во ова натпреварување, но има две македонски репрезентативки.

Јована Саздовска со германскиот Турингер славеше на гостувањето кај чешкиот Мост со 27-35, а нашата интернационалка даде два гола.

Елена Ѓорѓиевска со хрватската Подравка беше убедлива на домашен терен со романската Магура и победи со 38-26, а десниот бек постигна два гола.