На средината на првиот дел од подготовките пред настапот на Европското првенство, се појавија проблеми за селекторот Данило Брестовац.
Голманот Никола Митревски и десното крило Мартин Поповски се пожалија на ситни повреди пред натпреварот со Кувајт.
Чуварот на мрежата на Еурофарм Пелистер имал болки во мускулот, па превентивно не беше дел од првата средбата со Кувајт, додека ракометарот на Пролет имал болки во задниот бутен мускул, па и тој беше поштеден.
Се претпоставува дека не станува збор за ништо сериозно, но тоа ќе биде утврдено по денешните лекарски прегледи. Веројатно двајцата ќе го пропуштат вториот натпревар со Кувајт.
Утре нашата репрезентација заминува за Букурешт, каде ќе игра уште два пријателски натпревари во рамките на „Трофеј Карпати“.