Многу внимание привлече одлуката на арбитрите од Франција, сестрите Бонавентура, во финалниот натпревар од Светското првенство во Јапонија меѓу Шпанија и Холандија. Според многу ракометни експерти неправилна одлука, според некои не. Се огласија и од судиската комисија на ИХФ.
„Арбитрите имаа одлично одработена работа со одлуката во последните секунди, особдено во финалниот меч. Се беше направено според правилото за последните 30 секунди. Топката се уште го немаше напуштено голманскиот простор кога беше блокирана. Обично ваков прекршок се казнува само со две минути, но во согласност со правилото за последни секунди – со црвен картон и седмерец“, изјави претседателот на судиската комисија на ИХФ, Рамон Гаљего.