Селекторот на репрезентацијата на Исланд, Гудмундур Гудмундсон го објави списокот на ракометари на кои ќе смета на Европското првенство. Во составот се најдоа 19 играчи меѓу кои има многу добро познати имиња.
Главните ѕвезди во тимот, Арон Палмарсон и Валур Сигурдсон би требало да се предводници на својата репрезетација во походот по висок пласман. Десниот бек на Рајн Некар, Александер Петерсон повторно е во репрезентацијата со камбек на 39 години.
Состав на Исланд: Агуст Ели Бјоргвинсон, Бјоргвин Пал Густавсон, Виктор Гисли Халгримсон, Бјарки Мар Елисон, Гудјон Валур Сигурдсон, Арон Палмарсон, Олафур Гудмунсон, Елвар Урн Јонсон, Хаукур Трастарсон, Јанус Дади Смарасон, Александер Петерсон, Виго Кристјансон, Арнар Арнарсон, Даниел Ингасон, Кари Кристјансон, Свеин Јохансон, Имир Гисласон.
Исланд ќе игра во групата Е во Малме, заедно со селекциите на Данска, Унгарија и Русија и ќе има тешка задача да избори место во втората фаза.
Исланд има тешка група во која за пласман во главната фаза ќе се бори со Данска, Унгарија и Русија.