Дојдоа по злато, ама ќе мора да се задоволат со бронза – Русија трета на Мундијалот

Иако дојдоа како прв фаворит за златниот медал и во групната и во главната фаза имаа само убедливи победи, сепак само еден пораз од Холандија во полуфиналето, беше доволен Русија да не се најде во битката за злато на Мундијалот во Јапонија.

На крајот Русинките го освоија бронзениот медал, откако ја совладаа селекцијата на Норвешка со  28-33. По првиот дел избраничките на Мартин Амброс, водеа со 15-18, иако скандинавскиот ривал имаше почетна предност од 3-0.

Во вториот дел Русија само рутински ја одржа предноста и не дозволи ривалот да се закани со камбек во натпреварот. Најдобри стрелци кај победникот беа Вјахирева со седум голови, како и Макеева и Манагарова со по четири, додека кај Норвешка се истакнаа Офтедал и Арнцен со по седум.

Во битката за златото на Мундијалот ќе се сретнат Шпанија и Холандија.