Словенечката ракометна федерација се уште го нема избрано новиот селектор, кој треба да ја води репрезентацијата на Европското првенство на местото на Веселин Вујовиќ, но веќе го објави поширокиот список од 28 ракометари пред континенталниот собир.
Веројатно досегашниот помошник на Вујовиќ, Урош Зорман, го направил списокот, а таму се наоѓа и еден ракометар што во ерата на Вујо немаше место во националниот тим. Станува збор за плејмејкерот на Вардар, Сташ Скубе.
Тој досега има одиграно 17 натпревари за словенечката репрезентација и има постигнато 32 погодоци. Покрај него, од оние играчи на средната бековска позиција, на списокот се најдоа и Миха Зарабец од Кил, Деан Бомбач од ПИК Сегед и Рок Овничек од Нант.
Сепак останува дилемата дали Скубе ќе се најде и на скратениот список за ЕП, што би било негов камбек во националниот тим по долго време.