Машката ракометна репрезентација на Чешка во последно време можеби е ривал по мерка за Македонија, но највисоките порази ги имаме доживеано токму од оваа селекција во минатото.
На списокот од 28 ракометари на селекторите Јан Филип и Даниел Кубеш, се најдоа и голманот Мартин Галиа, кој секогаш имал одлични партии против нашите момци, а тука се и бековите Ондреј Здрахала, кој се рехабилитра од повреда, како и Томаш Бабак.
Другите ракометари на списокот се стандардните Павел Хорак, Томаш Мрква, Роман Бечвар, Леош Петровски, Јакуб Хрстка…Сите претходни набројани, би требало да се најдат и во најтесниот избор на чешките селектори.
Покрај Чешка, во групата на Македонија се уште Украина и Австрија.