Покрај веќе договорените контролни натпревари против Словенија и Црна Гора, како и настапот на „Трофеј Карпати“ во Романија, закажани се уште две контроли за машката репрезентација пред настапот на ЕП.
Ривал ќе биде репрезентацијата на Кувајт, a двата натпревари ќе бидат одиграни во Србија на пат кон Романија, па така македонската публика нема да има можност да ги гледа ракометарите пред заминувањето за Австрија.
Покрај овие два дуели, на „Трофеј Карпати“ во Романија, ќе тестираме со Романија, Србија и Алжир. Собирот на националниот тим е на 21 декември во Скопје.