По ремито на домашен терен со Келце, ракометарите на европскиот првак Вардар ги чека тешко гостување кај истиот ривал во Полска.
ЕХФ го прогласи овој натпревар за меч на колото, а веќе ги објави и арбитрите што ќе делат правда во салата „Легионово“.
Станува збор за Норвежаните Ларс Јорум и Хавард Клевен, додека делегатот исто е од оваа скандинавска земја, Пер Мортен Содал.
Вториот македонски претставник во ЛШ, Еурофарм Работник во 8. коло игра дома со Савехоф, а тој дуел ќе го судат Белорусите Дмитри Набокау и Сиархеј Кулик, додека делегат е Владимир Јовиќ.