Кастратовиќ одбра 16 за дуелот против Горење

Тренерот на Металург, Зоран Кастратовиќ се одлучи за 16 ракометари на кои ќе смета за дуелот против Горење, па денеска ќе се обиде со стандарден состав да дојде до позитивен резултат.

Од ракометарите кои допатуваа во Велење, на трибините ќе остане само младиот пивот Лука Вујовиќ, додека другите играчи на кои се смета ќе бидат во комбинација.

Составот на Металург за овој дуел е: Дупјачанец, Ѓорѓески, Кондев, Јагуриновски, Поповиќ, Шилегов, Танкоски, Мариќ, Серафимов, Лазаревски, Младеновиќ, Чантурија, Кбилашвили, Додиќ, Марковски и Арсеновски.