Поранешната ракометарка на Куманово, пивотот Сања Дабевска заврши со настапите од Челенџ купот уште на старот откако на првиот меч против тимот на ЦЈБ Марина претрпе пораз од 19:28. Иако Јонијас победи на реваншот со 18:15 немаше можност за пласман понатаму бидејќи во вкупниот резултат тимот од Португалија обезбеди пласман во следната рунда.
Дабевска на првиот дуел постигна четири гола и беше втор стрелец, додека на вториот дуел немаше погодоци, а имаше едно исклучување. Инаку, уште после првиот меч беше јасно дека тимот на Јонијас е пред елиминација бидејќи и двете средби се играа во Португалија.