Ракометарките на Металург стигнаа до уште еден триумф во домашното првенство, а овој пат беа сигурни и убедливи на дуелот против Ѓорче Петров со 40:14.
Од почетокот на средбата Металург доминираше на овој меч и во ниту еден момент победата не беше доведена во прашање. Ракометарките влегоа сигурно и уште во пвото полувреме обезбедија висока предност од 11 гола разлика и на одмор заминаа со 18:7. Практично уште на почетокот имаа 5:0, па потоа сè беше полесно.
Во вториот дел разликата само се зголемуваше. Беа примени исто така седум гола како и во првиот дел, а постигнати дури 22 со што стана јасно дека ќе ова ќе биде уште една висока победа за шампионките кои остануваат на максимум бодови и после дуелот од 10. коло.
МЕТАЛУРГ – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 40:14 (18:7)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Гледачи: 100. Судии: Иво Георгиевски и Игор Наумовски од Скопје. Делегат: Златко Локвенец од Скопје.
МЕТАЛУРГ: Паскал, Кркачева, Гугуљанова 1, Владева 2, Тасевска 4, Арсениевска 2, Алексоска 2, Темелковска 3, Дамчевска 8, Калајџиевска 5, Божиновска 6, Ристовска 2, Петковска 1, Брунчевиќ.
Седмерци: 2/2, Исклучувања: 10 мин.
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Јовановска, Ѓоргиева, Шкријељ, Маринов, Несторовска, Чубриноска, Донева 2, И. Петровска 2, Малцева, Кежаровска, Србиновска 5, Ј. Петровска, Гркова, Антеска, Цветановска 5.
Седмерци: 2/5, Исклучувања: 6 мин.