Вардар не успеа да го совлада Келце откако во меч со многу пресврти на крајот ремизираше со 28:28 во натпревар во кој 60 минути имаше голема борба и нијанси решаваа кој ќе дојде до бодовите.
После средбата, тренерот на вардарци, Едуард Кокшаров го даде своето видување за сработеното на теренот на овој дуел.
„Играчите дадоа сè од себе на овој натпревар. Соочени со големиот број на проблеми и кога ќе се види кој беше денеска на терен сите дадоа максимум. Им благодарам за ова. Се обидовме пред нашата публика да покажеме добра игра и да освоиме два бода. Имавме голем број проблеми. Немавме ни бековска линија, но на крајот треба да сме задоволни со овој бод“, изјави Кокшаров.
Следниот меч за вардарци е против истиот ривал, следниот викенд во Полска.