Супер машка лига: Металург и Бутел денеска чекаат нови бодови

Натпреварите во Супер машката лига продолжуваат, а викендов на програмата е 10. Коло во кое најголемите возбудувања се чекаат утре во Охрид.

Денеска на терените ќе се најдат составите на Металург, кои ќе имаат меѓусебна пресметка во салата во Автокоманда. Покрај тоа денеска на двобој ќе бидат и Бутел Скопје со Пелистер и Струга со Работнички.

Металург и Бутел Скопје се фаворити за победа, додека во Струга според формата тимот на Работнички треба да има предност.

СУПЕР МАШКА ЛИГА

ДВОЈКИ ЗА 10. КОЛО

САБОТА, 9 НОЕМВРИ

18:00ч

МЕТАЛУРГ – МЕТАЛУРГ 2

Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. Делегат: Маријан Огњановски од Скопје.

18:30ч

БУТЕЛ СКОПЈЕ – ПЕЛИСТЕР

Сала: „Антон Димитров“ во Скопје. Судии: Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески од Прилеп. Делегат: Драган Начевски од Скопје.

19:30ч

СТРУГА – РАБОТНИЧКИ

Сала: „Тими“ во Струга. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Делегат: Васко Дјакоски од Кичево.

НЕДЕЛА, 10 НОЕМВРИ

17:00ч

ОХРИД – ПРОЛЕТ

Сала: СЦ „Билјанини извори“ во Охрид. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. Делегат: Русе Наумовски од Скопје.

19:00ч

ВАРДАР ЈУНИОР – РАДОВИШ

Сала: СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Судии: Мирко Трајковски и Александар Вукашиновски од Скопје. Делегат: Камер Металари од Скопје.

ТАБЕЛА: 1. Металург 23 бода (297:225); 2. Охрид 22 (248:198); 3. Бутел Скопје 21 (246:216); 4. Пролет 20 (274:234); 5. Радовиш 15 (277:274); 6. Вардар јуниор 12 (247:274); 7. Пелистер 8 (222:232); 8. Металург II 4 (257:304); 9. Работнички 4 (261:309); 10. Струга 1 (196:259).