Супер машка лига: Пролет по бодови во Битола за држење на чекорот со Металург

Ракометарите на Пелистер и на Пролет денеска ќе ја одработат задачата од 5. коло во Супер машката лига и ќе го комплетираат ова коло со што ќе може викендов да се одиграат нови натпревари.

Според формата која ја прикажуваат од стартот на сезоната, ракометарите на Пролет 62 се во предност, а тие се и во горниот дел од табелата така што и понатаму се во битка за првото место во регуларниот дел од сезоната.

Натпреварот денеска се игра во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, а почнува од 18:30ч.

СУПЕР МАШКА ЛИГА

ДВОЈКИ И РЕЗУЛТАТИ ОД 5. КОЛО

БУТЕЛ СКОПЈЕ – СТРУГА              32:18 (ИЗВЕШТАЈ)

Мајиќ 9, Миланов 5, Мојсоски 3 – Новаковиќ 5, Маркоски 2, Кузманоски 2.

РАБОТНИЧКИ – МЕТАЛУРГ       27:43 (ИЗВЕШТАЈ)

Палевски 10, Сулима 4, Илиевски 4 – Чантурија 7, Кбилашвили 6, Вујовиќ 5

ВАРДАР ЈУНИОР – ОХРИД         23:28 (ИЗВЕШТАЈ)

Кукуловски 7, Крстевски 5, Атанасовски 3 – Манасков 8, Блажески 8, Тот 4

РАДОВИШ – МЕТАЛУРГ 2           49:34 (ИЗВЕШТАЈ)

Илиев 19, Николов 6, Везенковски 6, – Николовски 8, Савковиќ 6, Ефтимов 5

СРЕДА, 9 ОКТОМВРИ

18:30ч

ПЕЛИСТЕР – ПРОЛЕТ 62

Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. Делегат: Камер Металари од Скопје.

ТАБЕЛА: 1. Металург 13 бода (173:125); 2. Охрид 12 (135:110); 3. Бутел Скопје 12 (143:122); 3. Пролет 10 (118:113); 5. Радовиш 9 (163:147); 6. Пелистер 4 (94:100, -1 меч); 7. Работнички 4 (147:171); 8. Вардар јуниор 3 (118:155); 9. Струга 1 (117:136); 10. Металург II 1 (152:181).