Машката сениорска репрезентација пропушти една шанса за пласман во квалификациите за Олимписките игри преку Мундијалот во Германија и Данска, но ќе има уште една таква на ЕП. За да се обезбеди пласман, Македонија најмалку мора да обезбеди втор круг во Австрија, а потоа да биде пред Исланд, Словенија, Русија, кои ни се директни конкуренти.
Шпанија, Шведска, Германија, Хрватска, Франција, Норвешка веќе имаат место во квалификациите, а и Унгарија би можела да профитира доколку некоја од овие селекции стане европски првак и Египет го освои првенството на Африка. Така и Унгарија би добила место со пласманот од СП, а би отворила уште едно место за европска селекција од ЕП.
ИХФ веќе го одреди групите и нивните домаќини, а турнирите ќе се одржат од 17 до 19 април. Франција, Германија и Норвешка ќе нагостат уште девет селекции, а дел од нив се веќе познати, иако може да има промени доколку некоја од европските репрезентации што имаат место во квалификациите, стане шампион на ЕП 202о.
Доколку една од овие три селекции стане шампиони директно обезбеди место на ОИ, организацијата на турнирот ја презема Хрватска.
Квалификации за ОИ:
Група 1: Норвешка, Шпанија, Чиле, Кореа
Група 2: Франција, Хрватска, (Африка 1), (Европа 2)
Група 3: Германија, Шведска, (Европа 1), (Африка 2)