Првиот турнир од Златната лига, што изминативе денови се одржа во Данска, го освои селекцијата на Франција.
Франција во финалето беше подобра од Шпанија, дури по изведувањето на ударите од седум метри, откако мечот во регуларниот дел заврши 31-31. По пеналите, резултатот беше 5-3.
Во вториот натпревар од Златната лига, меѓу соседите Данска и Норвешка, имаше поделба на пленот, бидејќи мечот заврши 29-29.
Следниот турнир од Златната лига на програмата е во декември во Франција.