3 групи, 6 билети, 12 селекции, сите со иста желба – пласман на Олимписките игри

Од денеска до 14 март, три европски града ќе бидат домаќини на квалификациските турнири за пласман на Олимписките игри. Од секоја група само две репрезентации ќе обезбедат пласман на летниот настан во Токио.

Подгорица ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир број 1. Чиле, Норвешка, Бразил и Јужна Кореја требаше да играат во Трондхајм, но строгите ковид правила го променија домаќинот. Норвешка се смета за фаворит иако има само едно учество на својата ракометна репрезентација на Олимписките игри, 1972 година. Бразил е незгодна селекција и тврд противник за сите, а репрезентациите на Чиле и Јужна Кореја ќе се обидат да ги расипат сметките на првиот и вториот фаворит од групата.

Петок, 12 март

Чиле – Јужна Кореја, 17:30 часот
Норвешка – Бразил, 20:00 часот

Монпелје ќе биде домаќин на вториот квалификациски турнир, а во него се сместени репрезентациите на Франција, Тунис, Португалија и Хрватска. Најтешката група каде домашните ракометари се апсолутни фаворити, а за второто место сите репрезентации имаат еднакви шанси.

Петок, 12 март

Тунис – Португалија, 18:30 часот
Франција – Хрватска, 21:00 часот

Третиот квалификациски турнир ќе се игра во Берлин. Покрај домашната селекција Германија, ќе настапат и репрезентациите на Шведска, Словенија и Алжир. Скандинавците со составот од завршеното Светско првенство од Египет имаат мала предност пред домаќинот, но Словенците ќе бидат тука за да им ги замрсат сметките.

Петок, 12 март

Германија – Шведска, 15:15 часот
Словенија – Алжир, 17:45 часот