14 позитивни случаи во Мотор Запорожје, одложен натпреварот против Кил!

Еввропската ракометна федерација објави дека натпреварот од четвртото коло во Лигата на шампионите меѓу Кил и Мотор Запорожје е одложен.

Причината се дури 14 позитивни тестови на коронавирусот на ракометарите од украинскиот шампион!

Натпреварот требаше да се одигра на 14 октомври во Германија, но Мотор ја извести ЕХФ за ситуацијата во која што се наоѓа.

Целата екипа сега е во карантин, па нејасно е дали ќе биде одложен и стартот на СЕХА лига најавен за 23 октомври.