📷Стадионот во Диселдорф е спремен – ги чека „Фалангата“ и македонските „лавови“

Стадионот „Меркур Шпил Арена“ на кој ќе биде отворено претстојното Европско првенство е веќе подготвен за натпревари.

Деновиве организаторот ги правеше последните подготовки за фудбалскиот стадион да биде оспособен за ракометни натпревари.

Германската федерација сака да го сруши рекордот на посетеност на ракометен натпревар и затоа во среда во Диселдорф ќе има повеќе од 50.000 гледачи.

На 10 јануари Македонија и Франција ќе го отворат ЕП, а неизоставен декор ќе бидат и македонските навивачи.

Овој меч започнува од 18:00 часот, додека вториот натпревар меѓу Германија и Швајцарија ќе почне од 20:45 часот.