📷ОФИЦИЈАЛНО: Кукуловски ново име во редовите на „гладијаторите“

Како што најави 24Ракомет, нов ракометар во амбициозниот тим на Охрид ќе биде левиот бек Дејан Кукуловски, кој една и пол сезона мина во редовите на Брно од Чешка.

Екс ракометарот на Вардар и Еурофарм Пелистер со раководството на Охрид денеска официјално ја договорија едногодишната соработка.

Доколку двете страни бидат задоволни од соработката, тогаш левиот бек ќе остане уште најмалку една сезона во редовите на „гладијаторите“.

,,Среќен сум што повторно се враќам во Македонија. Охрид прерасна во голем и амбициозен клуб. Верувам во овој тим и ќе дадам се од себе да помогнам за што подобар пласман во наредната сезона и се надевам заедно ќе имаме одлични резултати”, изјави Кукуловски.

Освен Кукуловски, нови играчи во Охрид ќе бидат голманот Градимир Чаневски и кружниот напаѓач Живан Пешиќ, па несомнено е дека Стевче Алушовски ќе има посилен ростер.

Клубот до овој момент ги има продолжено договорите со Стефан Дрогришки, Горан Крстевски, Крсте Андоновски, Даниел Ѓорѓески, Милорад Кукоски, Владимир Бојаниќ, Гал Цирар, Никола Шипинкоски, Tеимураз Орјоникидзе и Иван Тасески.

Трето засилување за амбициозниот Охрид – доаѓа Дејан Кукуловски!