📷 Даниел Андоновски во идеалниот тим на колото во Италија

Македонскиот интернационалец Даниел Андоновски игра во одлична форма во италијанскиот шампионат.

По одличната партија за неговиот Трст на натпреварот против Конверсано, Андоновски се најде во ТОП 7.

Тимот на Андоновски загуби од Конверсано со 29:24, но Македонецот беше најдобар на теренот во редовите на Трст.

Охриѓанецот остави одличен впечаток на теренот и натпреварот го заврши со седум постигнати погодоци.

Довчерашниот ракометар на Охрид, кој е познат по своите дефанзивни квалитети, покажа дека може да биде предводник и во нападот во новиот тим.

Андоновски продолжува со одличните настапи во Италија