🎥Како фудбалски стадион се претвора во ракометно игралиште?

Машката репрезентација на Македонија денеска го почнува настапот на Европското првенство во Германија со натпреварот против Франција.

Овој дуел ќе се одигра на „Меркур Шпил Арена“ пред повеќе од 50.000 гледачи во Диселдорф и ќе биде срушен досегашниот рекорд на посетеност на ракометен дуел.

Организаторот за многу кратко време успеа да му ја смени намената на фудбалскиот стадион и да го претвори во огромна сала за ракометни натпревари.

Не е дека досега не се играло ракомет на стадион, ќе се игра и на ОИ во Париз, но сега ќе биде испишана историја.

Мечот меѓу Македонија и Франција стартува од 18:00 часот, а по свеченото отворање од 20:45 часот ќе следува средбата меѓу Германија и Швајцарија.